Тројца скопјани каснати од кучиња

Тројца скопјани вчера пријавиле дека биле каснати од кучиња скитници, информираше МВР.

Два напади биле регистрирани во скопски Аеродром, каде и во вторникот имаше два напади на кучиња, а еден во Карпош 4.

Првиот случај е од улицата Божидар Рајковиќ кога Г.Ј.(27) околу 13 часот бил нападнат од куче скитник при што му била нанесена повреда на левата нога.

Претходниот ден Ј.М.(40) околу 10 часот се движел по булеварот Србија, кога бил нападнат од куче скитник, кое го каснало во десната потколеница.
Скопјанката Љ.А. (58), пак, вчера околу 19.30 часот на улицата Волгоградска била нападната од три кучиња скитници, при што од едното била касната за левата нога.