
Тренерот на „Рома“, Еузебиот Ди Франческо по натпреварот на „Ноу Камп“ беше разочаран од поразот со 4:1 на неговата екипа, на кој кумуваа самите играчи на „Волчицата“ со двата автогола, но рече дека судијата Дени МекКели немал храброст да покажа на белата точка по прекршокот врз Един Џеко при резултат 0:0.
– „Барселона“ е доволно силен тим, зарем е потребно ова за да оствари победа. На Барселона не и е потребна помош, а денеска имаше два вида на помош. Добија помош од наша страна, но исто така и од судијата кој донесе неколку одлуки кои имаа влијание врз конечниот резултат. Резултатот е премногу тежок за прифаќање со оглед на тоа што го прикажавме на теренот. Не и дозволивме на „Барселона“ да ја игра својата игра, но на „Камп Ноу“ не смеете да пропуштите шанси кои ние ги пропуштивме- истакна Ди Франческо.
https://youtu.be/w9QylxPMn1g
Единствениот гол за римјаните го постигна Босанецот Един Џеко, кој после натпреварот, иако призна дека „Барселона“ е подобра од „Рома“, исто така нагласи дека судиите понекогаш треба да имаат храброст да досудат нешто против Шпанците.
– „Барселона“ е посилна од нас, но судијата мора да има храброст да свирне нешто и против Барселона. Доколку добиевме пенал, натпреварот ќе беше поинаков. Штета, резултатот од 4:1 е превисок и ние буквално три гола си ги дадовме самите на себе- изјави Џеко.