
Убиениот Наим Реџепи во вчерашната престрелка на две групи од кумановското членство на Демократската Унија за Интеграција во близина на партиското седиште во тетовска Мала Речица, на која претходела вербална расправија, најпрвин дошло до тепачка, а подоцна и пресметка со огнено оружје, бил еден од кандидатите за претседател на кумановскиот огранок на ДУИ.
На околу 200-300 метри од седиштето на ДУИ, едно од лицата кое било нападнато, успеало да стигне до својот автомобил со кој подоцна им го пресекол патот на напаѓачите и почнал да пука кон нив, велат очевидци.
Едната група била блиска до еден поранешен пратеник на ДУИ од Куманово, кој своевремено беше дел и од партиското Централно претседателство, додека другата се поврзува со член на кумановскиот совет, кој патем бил во роднинска врска со еден во учесниците во инциндентот.
Во престрелката која се случила некаде околу 18 часот и 20 минути, Реџепи загинал, а две лица се здобиле со прострелни рани, додека други две се приведени, неофицијално велат извори од МВР. Полицијата го блокираше пристапот и работи на расветлување на случајот.