Баерн ја обезбеди шампионската титула

Фудбалерите на минхенски Баерн ја обезбедија 28-та титула германски првак откако во средбата од 29-то коло на гостувањето го победија Аугсбург со 4:1 и сега имаат 20 бодови повеќе од второпласираниот Шалке.

Шалке 04 до крајот на првенството има уште шест натпревари и повеќе ниту теоретски не може да го стаса Баерн.

Аугсбург поведе во 18 минута со автоголот на Николас Суле, но Берн до крајот на полувремето успеа да направи пресврт, а пота во продолжението постигна уште два гола за убедлив триумф. Стрелци беа Корентин Толисо во 32, Хамес Родригез во 38, Арјен Робен во 62 и Сандро Вегнер во 87 минута.

За Баерн ова е шеста последователна шампионска титула, што е најдолгата низа во историјата на баварскиот клуб, а оваа сезона може да освојат уште два трофеја. Во Лигата на шампионите се на чекор до полуфиналето откако во првиот меч од четвртфиналето победија на гостувањето кај Севилја со 2:1, а ги очекува и полуфиналето во германскиот куп во кој ќе игра против Ваер Леверкузан.

Волсфбург на гостувањето го совлада Фрајбург со 2:0, а двата гола ги постигна Даниел Додави, во 2 и 83 минута.

Борусија Меглендбахен славеше против Херта со 2:1, откако гостите водеа на полувремето. Берлинците поведоа во 40 минута преку Саломон Кал, но во продолжението Борусија стаса до победата со головите на Торган Азар во 75 и 79 минута од пенал. Келн и Мајнц одиграа 1:1 со головите на Хектор во 7 и Де Блазис во 57 минута.

Вечерва играат и ХСВ и Шалке 04, а во петок Хановер со 2:1 го совлада Вердер.

Во недела играат Борусија Д. – Штутгарт, Ајнтрахт – Хофенхајм, а во понеделник Р.Б. Лајпциг – Баер Леверкузен.

Баерн води со недостижни 72 бодови, Шалке на второто има 52 бодови, Борусија Дортмунд е трета со 48 бодови, па следат Лајпциг со 46, Леверкузен и Ајнтрахт со по 45 бодови.