
Јапонија денеска прв пат по Втората светска војна ја активираше својата Единица на морнаричка пешадија која е обучена да се спротистави на инвазија на јапоснките острови долж работ на Источното Кинеско море, за кои Токио стравува дека се ранливи на евентуален напад од Кина.
На свеченоста во воената база во близина на Сасеба, на југозападниот остров Кјушиу, околу 1.500 припадници на амфибијската бригада се построија пред заменикот министер за одбрана, Томохиро Јамамото.
Со оглед на се потешката безбедносна и сигурносна состојба во нашето окружување, одбраната на нашите острови стана нашата главна задача, изјави Јамамото.
Формирањето на јапоснката бригада на морнаричката пешаддја е контроверзно, бидејќи, како што предупредуваат критичарите, може да се користи како закана за соседните држави. Во повоениот Устав Јапонија се одрекна од правото на војување.
Кина, пак, ги смета за свои ненаселените острови во Источно кинеското море, кое го контролира Јапонија. Кина годинава планира за армијта да потроши 176 милијарди долари, или три пати повеќе од Јапонија.