Му го украле моторот од пред зграда

Скопјанец останал без својот моторцикл, што му го украле од пред зграда.
Според полицијата, кражбата се случила вчера на улицата Беровска во Гази Баба.

Како што кажал сопственикот на моторот, Д.К. (35) од Скопје, тој го паркирал во 3.30 часот пред зградата во која живее. Кога излегол во 10 часот забележал дека го нема неговиот моторцикл „кавасаки ЗХ6Р“ со бугарски национални таблици.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.