Рачен фрлач и гранати пронајдени во Велешта

Рачен ракетен фрлач и гранати биле пронајдени во Велешта, информираше МВР.

Според полицијата, вчера околу 15 часот, по претходно добиени оперативни сознанија, струшките полицајци извршиле претрес во стара куќа, сопственост на В.К. (76) од Велешта, во место викано Кабовска маала во селото.

При претресот, во куќата биле пронајдени 10 гранати за рачен фрлач и еден рачен ракетен фрлач. Пронајдените експлозивни направи биле подигнати и однесени во Министерството за внатрешни работи за понатамошна постапка.

Се работи на расчистување на случајот.