Редовишанец се отрул со инсектицид

Радовишанецот Д.Ц.(48) бил пронајден мртов, вчера во Радовиш, информираше МВР.

Според полицијата, Д.Р. (73) во 08.30 часот пријавил дека на поткровјето на фабрика на улицата Св.Спасо Радовишки“ го пронашол безживотното тело на неговиот син Д.Ц. (48).

Увид на местото извршиле Јавен обвинител и екипа од Полициската станица Радовиш.

При тоа било констатирано дека смртта настапила како последица од труење со инсектицид. Со согласност на Јавен обвинител, телото на починатиот било предадено на семејството за погреб.