Три жртви откако камион влета во толпа во Германија

Германската полиција ја истражува верзијата за терористички напад на инцидентот во саботата кога товарно возило влетало во толпа луѓе во Минстер во при што загинале најмалку три лица, пишува весникот Rheinische Post, повикувајќи се на полициски извори.

Малку претходно во саботата медиумите на социјалните мрежи објавија дека на грипа луѓе кои седеле во центарот на Минстер налетал камион, при што загинале три лица а уште најмалку 30 биле повредени. Полицијата потврдува дека има загинати и повредени но не го соопштува нивниот број.

„Како што велат извори од полицијата, станува збор за терористички напад“, пишува весникот. Додава дека делот од градот во кој се случил инцидентот е блокиран од полициските сили.

Германската полиција на Twitter бара од сите да се воздржат од посета на центарот на Минситер, а оние кои во моментов се наоѓаат таму, што е можно поскоро да ја напуштат оваа локација за да не ја попречуваат работата на оперативците.

„Во областа Кипинекер во тек е голема операција“, се наведува во соопштението без да се дадат други поединости.

Полицијата со хеликоптери трага по можен експлозив, и преку социјалните мрежи ги предупредува граѓаните да го избегнуваат старото градско јадро на овој западногермански град.

Медиумите потсетуваат дека во декември 2016 година на божикен саем во Берлин беше изведен терористички напад со камион во кој беа убиени 12 луѓе.