Ферер во епски меч и донесе победа на Шпанија

Репрезентацијата на Шпанија обезбеди пласман во полуфиналето на главната група на „Дејвис Купот“, откако Давид Ферер во епски меч го совлада Филип Колшрајбер и со вкупен резултат од 3:2 ја победи Германија.

Одлучувачкиот натпревар меѓу Ферер и Колшрајбер траеше неверојатни пет часа, а беше со среќен крај за Шпанецот, кој остана мирен во клучните моменти и славеше со 3.2 во сетови-7:6, 3:6, 7:6, 4:6, 7:5.

Во полуфиналето Шпанија ќе се соочи со бранителот на „салатарата“ Франција, а натпреварите ќе се играат од 14 до 16 септември.

Во вториот полуфинален меч ќе се сретнат Хрватска и САД, откако Хрватите славеа со 3:1 против Казахстан. марин Чилиќ го победи кукушин со 3:0 и го реши мечот, па петиот натпревар немаше потреба да се одигра.
Тенисерите на САД уште во саботата обезбедија победа во дуелот со Белгија.