Јокиќ со деветти „трип-дабл“ сезонава

Српскиот кошаркар Никола Јокиќ (22) вчера влезе во историјата на НБА лигата како најдобриот кошаркар роден надвор од САД, кој остварил рекорден број на „трипл дабл“ ефекти во победата на неговиот „Денвер Нагетс“ на гостувањето кај „ЛА Клиперс“.

Јокиќ на половина од третата четвртина го оствари својот деветти „трипл дабл“ ефект сезонава, или 15 во кариерата. На тој начин го престигна легендарниот центар на „Хјустон Рокетс“, Нигериецот Хаким Олајџувон, кој во кариерата оствари 14 двоцифрени ефекти во три статистички категории.
На листата зад Олајџувон се Дикембе Мутомбо од Конго со десет и Пол Гасол со 8 остварени трипл дабл ефекти.

Јокиќ вчерашниот натпревар го заврши со 23 поени и по 11 асистенции и скокови, како и две украдени топки и блокада за 34 минути игра во победата од 134:115. На тој начин „Денвер“ стигна до петтата последователна победа и останува во игра за „плеј офот“. На „Нагетси“ им требаат победи против „Портланд“, како и против директниот ривал за местото во доигрувањето, „Минесота“.
Со победата „Денвер“ и теоретски го елиминираше клубот од Лос Анџелес од доигрувањето.