
Полицијата пронашла два килограми марихуана во автобус што сообраќа за Германија, инфомрираше МВР.
Дрогата била пронајдена вчера на автопатот Скопје- Блаце, кај село Миладиновци во патнички автобус со скопски регистерски таблици. Автобусот сообраќал на релација Скопје-Дортмунд.
Внатре била пронајдена една најлонска кеса, а за која никој од патниците не се јавил како сопственик. Полициска патрола од ПС Петровец утврдила дека во кесата има четири паковки марихуана со вкупна тежина од околу два килограми. Се работи на целосно расчистување на случајот.