(Видео) Најмалку 70 загинати во напад со хемиско оружје во Дума

Најмалку 70 луѓе загинаа во наводен хемиски напад во Дума, последниот град под контрола на бунтовниците во областа Источна Гута, близу сирискиот главен град Дамаск. Спасувачите од доброволните сили „Бели шлемови“ објавија на Твитер фотографии од неколку тела во подруми. Се очекува бројката на загинати да расте. Сите водечки медиуми, сепак, предупредуваат дека засега е неможно да се потрдат известувањата кои стигнуваат од теренот, а сириската влада ги нарече обвинувањата за хемиски напад „измислица“.

И руското министерство за одбрана ги отфрли наводите за употреба на хемиско оружје во Дума.

Началникот на Центарот за помирување на завојуваните страни во Сирија, генерал Јуриј Јевтушенко изјави дека информациите дека се користени бомби со хлор дошле од „таканаречени независни“ невладини организации, меѓу кои по ширењето лажни вести далеку се познати „белите шлемови“, јавија руските агенции.

Одлучно ги отфрламе ваквите обвинувања и подготени сме по ослободувањето на Дума од екстремистите веднаш да пратиме специјалисти за радијациска, хемиска и биолошка заштита за да соберат податоци и да се потврди дека обвинувањата се измислени, рече Јевтушенко.

Американскиот Стејт Департмент кажа дека извештаите сугерираат „потенцијално голем број жртви“, вклучувајќи цели фамилии во засолништа и додаде дека Русија, со нејзината поддршка за сириската влада, „сноси одговорност“ за наводните напади.

Ако се потврдат, овие информаци се застраќувачки и бараат итен одговор од меѓународната заедница. Реќимот на Асад и тие што го подрќуваат мора да се сметаат за одговорни и секој нов напад мора веднаш да се спречи. Русија со својата безрезервна подршка има конечна одговорност за овие брутални напади.Заштитата на реќимот и неуспешноста да го спречи користењето на хемиското оручје го доведува во прашање нејзиниот ангажман во решавање на кризата во целост, напишала во соопштението портпаролот на Стејт Департмент, Хетер Ноерт.

https://youtu.be/-VmqS8786Q8

За моќниот хемиски напад јавуваат и друго организации на теренот, но нивните извештаи се разликуваат во однос на бројот на жртвите и околностите под кои се случил нападот. И самите „бели шлемови“ на почетокот зборувале за над 150 загинати, за да подоцна ја преполоват таа бројка.

Проопозицијската „Гута медиа центар тврди дека повеќе од 75 луѓе се задушиле, а над илјада ги почуствувале последиците од хемискиот напад за кој тврдат дека е изведен со хеликоптер од кој била исфрлена буре-бомба исполнета со нервниот гас-сарин.

Членови на Американскиот Сојуз на организации за медицинска помош, за ББЦ изјавиле дека само во една болница биле потврдени 70 смртни случаи и дека жртвите имале различни симптоми кои може да се поврзаат со последиците од хемиски напади, вклулувајќи грчеви и пена која им излегува од устата.

Сиријско американското медицинско друштво, непрофитна здрваствено-хуманитарна организација со седипте во Вашингтон информираше дека бобма со хлор погодила болница во која загинале 42 лица, а другиот удар со нервен отров ја погодил соседната зграда.

Според Сиријската државна новинска агенција(САНА), сите овие тврдења се чиста измислица на бунтовниците.

Тие се на работ на поразот па нивните медиуми измислуваат хемијски напади во обид да ги осуетат напредувањето на сириските сили на теренот- велат од САНА.

Сиријската влада повторно ја зазеде речиси цела Источна Гута во офанзива која започна во февруари, оставајќи ја само Дума, која е под контрола на групата Џаиш- ал Ислам. По неколкуте примирја, сириските сили продолжиле во петокот со воздушни напади.