
Километарски колони пред патарините во земјава во понеделникот вечерта предизвикуваат застој во сообраќајот, откако граѓаните се враќаат од продолжен викенд како и од туристичките места во Македонија, така и од соседството.
Најголема гужва е кај патарината кај езерото Младост кај Велес, како и кај Гостивар каде се формирани колони возила кои се враќаат од Охрид и Маврово.