
Добрите игри на ѕвездата на „Реал“, Кристијано Роналдо можат да бидат минато ако Португалецот не престане да негира дека е виновен за даночно затајување и ја плати казната за затајуваниот данок, оти во спротивно ќе заврши во затвор.
Шпанското обвинителство тврди дека Роналдо со помош на советниците основал фиктивни фирми во даночните оази за да не плаќа данок на парите добиени од спонзорите. Даночните советници на Португалецот во петокот биле сослушани во истражен суд покрај Мадрид каде се води постапка против Роналдо, кој е осомничен за затајување на 14,7 милиони евра данок. И на советниците исто така им се заканува казна поради наводно наведување на фудбалерот да изврши кривично дело.
Роналдо досега ја отфрлаше вината тврдејќи дека се што правел е законски, но обвинителството го тврди спротивното. Во Шпанија законите за даночна измами поголеми од 120.000 евра предвидуваат затворски казни од една до пет години затвор, со дополнително плаќање на парична казна.
Законот, сепак, овозможува постигнување на спогодба со која судијата може да ја отфрли затворската казна и да ја намали паричната. Таа можност се нуди ако обвинетиот се согласи да го исплати износот која даночната управа го бара од него во рок од два месеци по подигање на обвинението. Роналдо ја одби таа можност, па со поранешниот соиграч, Чаби Алонсо се единствените фудбалери кои не прифатиле таква спогодба. Обвинителството неодамна пак го истражжува затајувањето на данок од страна на сега пензионираниот фудбалер Алонсо.
Адвокатот на Роналдо, Хосе Антонио Чоклан сега бара можност како да се договори со даночната управа. Неговата прва понуда, според која Роналдо би платил дел од сумата била отфрлена. Даночниците бараат околу 29 милиони евра, како и признание од Роналдо дека е виновен. Во тој износ е вклучен наводно неплатениот данок, како и паричната казна по поранешното одбивање на спогодбата. Ако Португалецот се согласи на оваа понуда случајот ќе биде затворен.
Ако го одбие, и на крајот биде прогласен за виновен му се заканува затвор и поголема парична казна. Преговорите траат веќе неколк недели. Постои можност Роналдо да биде прогласен за невин, но Чоклан смета дека е подобро со спогодба да се намали потенцијалната штета ако го прогласат за виновен.
Ако Роналдо ја прифати спогодбата не е исклучено паричната казна да се обиде да ја префрли на „Реал“ барајќи нов договор со клубот. Слично постапи Лионел Меси, кој пред пет месеци со Барселона потпиша многу подобар финансиски договор во кој беше компензирана загубата поради плаќањето данок.