Секој трет млад Американец не е сигурен дали земјата е тркалезна

Секој трет млад Американец не е сигурен дали земјата е тркалезна или рамна плоча, покажала он-лајн анкетата на порталот „ YouGov“ на примерок од 8,215 Американци. При тоа 84 отсто од анкетираните рекле дека секогаш верувале дека земјата е тркалезна, пет отсто биле сигурни дека тоа е така, но веќе не се, два отсто биле сигурни дека е рамна, но сега се сомневаат во тоа, додека седум отсто не биле сигурни во одговорот.
Останатите два отсто се умовите кои од секогаш знаеле дека земјата е рамна плоча, па и денеска немаат никави дилеми околу тоа.

Она што е интересно е ако се земе во предвид анкетираната група на возраст од 18 до 24 години, тогаш бројот на оние кои секогаш верувале дека земјата е тркалезна паѓа на околу 66 отсто.

Се работи за продолжување на традицијата на шокантни резултати од анкетните истражувања, па така се неведуваат примери дека седум отсто Американци верувале оти чоколадното млеко потекнува од кафените крави, а пред шест години секој четврти граѓанин на САД верувал дека сонцето се врти околу земјата.