Манџукиќ си оди од Јувентус

Хрватскиот репрезентативец Марио Манџукиќ најверојатно ќе замине од „Јувентус“ по крајот на сезонава, пишуваат италијанските медиуми. „Калчомеркато“ се надоврзува на неодамнешниот текст во „Газете дело Спорт“, според кој 31 годишниот Хрват добил понуди од Турција и од Кина.
Конкретно, за него од Турција е заинтересиран „Бешикташ“, но не е именуван клубот од Кина, кој сака да го доведе Манџукиќ во своите редови.

Според „Тутоспорт“, управата на „Јувентус“ сака да види како Хрватот ќе одигра до крајот на сезоната за да одлучат дали да го продадат фудбалерот, кој лани беше клучен играч во тимот на Масимилиано Алегри. Манџукиќ нема постигнато гол сезонава во Серија А од 17 декември лани.

Останува да се види како ќе се одвиваат работите, но факт е дека Манџукиќ во јануари ја одби супер-богатата понуда од Кина која би го направила најплатен хрватски фудбалер.
„Кориере дело Спорт“, пак, тврди дека „Јувентус“ веќе пронашол замена за Хрватот во напаѓачот на Челзи, Алваро Морати, а наводно дел од 8о милиони евра колку што треба да платат за Шпанецот, ќе ги соберат токму од продажбата на Манџукиќ.