Помалку часови и нема веќе работни саботи

Децата од прво до трето одделение може да имаат најмногу четири училишни часови во текот на денот, предвидува новиот закон за основно образование кој денеска го презентира Министерството за образование и наука.

Според него, работни саботи веќе нема да има а ќе се остави простор за 5 дена помалку настава доколку за тоа се укаже потреба. Наместо досегашните минимум 180 работни денови годишно, бројката ќе се спушти на 175.

Учениците од 4 до 6 одделение ќе може да имаат неделно најмногу 25 часа, а оние од 7 до 9 одделение ќе имаат најмногу до 30 часа

Со закон ќе се регулираат и неработните денови  за наставниот кадар во текот на зимскиот распуст. Најмалку половина од деновите од распустот ќе бидат платени неработни денови, кои не се дел од годишниот одмор на наставникот.