Чавков останува во притвор

Поранешниот министер за внатрешни работи, Митко Чавков останува во притвор во истражниот затвор „Скопје“  откако Апелацискиот суд Скопје ја отфрли жалбата и го потврди решението на Основниот суд Скопје 1.

Апелација го одбила и барањето на Чавков да биде ослободен со кауција, односно со гаранција за имот,  бидејќи, според судот, тоа било некомплетно и недостасувале имотни листови.

Чавков, заедно со поранешните колеги од МВР Душко Лазаров, Митко Пешов и Оливер Поповски, како и Горан Ѓошевски од обезбедувањето на поранешниот собраниски спикер, Трајко Вељаноски, беа вратени во „Шутка“ еден ден по поднесувањето на обвинението за „Крвавиот четврток“.

Два дена претходно Врховниот суд, постапувајќи по нивните жалби, им одреди куќен притвор.

Апелација, пред една недела ги потврди притворите на Лазаров, Пешов, Поповски и на Горанчо Ангелов од велешкото здружение „Ќосето“.