Коѕијас стигна во Охрид

Грчкиот министер за надворешни работи, Никос Коѕијас околу 17 часот слета на охридскиот аеродром „Свети апостол Павле“. Од аеродромот, министерот Коѕијас замина за Охрид каде треба да има работна вечера со министерот за надворешни работи Никола Димитров.

Министрите Димитров и Коѕијас утре треба официјално да ги продолжат преговорите за надминување на спорот за името со Грција. Од Министерството за надворешни работи велат дека се очекува нова рунда на тешки разговори, но оти остануваат оптимисти дека ќе се најде достоинствено решение.

Средбата на министрите за надворешни работи на Македонија и на Грција е една недела пред објавување на новиот извештај на Европската унија за напредокот на Македонија.

Се надевам на прогрес и мислам дека однесувањето на Грција и Македонија во однос на процесот сигнализира дека процесот е во деликатна фаза и и фокусирани сме токму на овие разговори и се надевам дека ќе ни помогне што оваа рунда се одржува во Охрид,  изјави  Димитров.