Светска банка даде зелено светло за прогресивниот данок

Светска банка ја поддржа даночната реформа со која се предвидува прогресивно оданочување, бидејќи рамниот данок повеќе не ги дава очекуваните резултати и е на штета на посиромашните слоеви во земјава, рекоа денеска претставници на банката.

Според СБ, министерството за финансии со оваа реформа се движи во исправна насока, но потребни се подетални анализи дали прагот над кој ќе се воведе повисоката стапка од 18 отсто треба да изнесува 1.000 евра. Македонија по Албанија и Косово е трата земја во регионот која има најниски приходи по основ на даноци.

Според извештајот, Македонија лани има и најмал еконмски раст. Поради продлабочувањето и пролонгирањето на политичката криза значитително се намалиле инвестициите, БДП достигнал 0 проценти. Новоотворените 18.000 работни места не помогнале да се реши и проблемот со невработеноста. Ова е главната причина за високата миграција во странство. Од банката очекуваат годинава економијата полека да закрепнува 2018 да се заврши со раст од 3,2 отсто.

Анализите покажуваат дека Македонија би го достигнала европскиот стандард за 60 години, а ако економијата генерира годишен раст од 5 проценти тоа би можело да се случи и за 20 години.