Бугарин нелегално продавал авио делови на Сирија

Бугаринот Жељаз Андреев бил уапсен во САД поради обвинение за нелегална продажба на делови за авион и авио-опрема на Сирија, соопшти американското министерство за правда.
Андреев работел во бугарската канцелраија на компанијата „AW-Tronics”, со седиште во Мајами, пренесува агенцијата АП.

Тој стоката со двојна намена, за цивилна и воена употреба, ја продал на авио-компанија во сопственост на сиријската влада.
Во соопштението е наведено дека Канцелраријата на американскиот трезор за контрола на странски имот ја блокирала авио компанијата поради транспорт на оружје и муниција во Сирија, а поради поврзаност со терористичките организации Хезболах и иранската Револуционерна гарда.