
Дали потпретседателот на Владата задолжен за евроинтеграции, Бујар Османи има договор со министерот за надворешни работи на Албанија, Дитмир Бушати, за кочење на реформите во Македонија, со цел ниското ниво на реформи во Албанија да не изгледа така катастрофа? Оваа дилема ја поставува Александар Николовски, потпретедател на ВМРО-ДПМНЕ, во неговата колумна „Громогласна тишина на Бујар Османи и ДУИ“.
Сето ова е договорено помеѓу Бујар Османи и министерот за надворешни работи на Албанија, Бушати, велат моите извори. Дали е тоа така, побарав одговор од Османи, кој еве една недела громогласно молчи. Таа громогласна тишина само покажува дека информацијата е вистинита! Ако на ова ја додадеме и координацијата помеѓу Османи и Бушати во Косово, покажува дека овој двоец функционира! И, тогаш поставив прашање на кое не добив одговор, тогаш го прашав Заев, а еве сега ќе го повторам прашањето – Бујар Османи е вицепремиер за евроинтеграции само на Албанците во Македонија или на сите граѓани? Дали, ако Косово или Албанија не напредуваат кон ЕУ и не бидат канети на форуми каде што Македонија е поканета, ние ќе престанеме да напредуваме и дали Македонија нема да прифати членство во ЕУ само затоа што таму членови нема да се Албанија и Косово?, пишува Николовски.
Според него ДУИ води дволична политика, при што од една страна секојдневно да го крадат и тероризираат албански народ, „создавајќи локални шерифи без кои не може никој ништо да направи“, додека „мнозинството Албанци леб вадат во Швајцарија или Германија и пуштаат по некој франк или евро кај своите во кичевско, гостиварско, липковско, дебарско или тетовско да преживеат“, а од друга страна им се продава приказната за употребата на јазикот.