
Калифорниската нафтена компанија „Greka oil & gas“ е казнета со рекордна казна од 12,5 милиони долари поради дури 1.500 прекршоци во изминатата година, пренесува АП.
Компанијата, која е позната по долгата историја на кршење на безбедносните и регулаторни прописи прекршоците ги направила на едно нафтено поле во округот Оринџ, во Калифорнија.
„Greka oil & gas“ ги фалсификувала резултатите во над 350 извештаи и не извршила рутинско тестирање на притисокот на повеќе од десет наоѓалишта, соопшти калифорниското Одделение за заштита на природните ресурси.
Висината на изреченета казна е одраз на лошата пракса на компанијата и прекршоците, како и потенцијалната штета која можела да ја нанесе на зедницата, околината и подземните води- ијзавил супервизорот на Одделението, Кан Харис.
На компанијата и е наложено да прекине со вбризгување на водата во наоѓалиштето кое се наоѓа северноисточно од Анахајм, се додека не ја испочитува одлуката на регулаторот.