Сопружници загинале во сообраќајка, по четири години им се родило дете

Какви драми може да напише животот покажа случајот на две кинески семејства кои пронајдоа неверојатен начин да ја сочуваат семејната лоза, јавива „Чајна Дејли“

Во март 2013 година млад кинески пар загина во сообраќајна несреќа, само пет дена пред закажаното пренесување на ембрионот настанат со ин-витро оплодување. Бидејќи двајцата загинати биле единци, единствен начин да се продолжи нивната семејна линија бил родителите да го сочуваат ембрионот, а потоа да пронајдат сурогат мајка.

Меѓутоа, со првите проблеми се соочиле поради непостоење на закон кој би регулирал кој во такви ситуации има право на располагање на ембрионот, па нашле интересен начин да го надминаат проблемот. Сметале дека е премногу ризично да ја тужат болницата па едното семејство формално го тужело другото.

 

Но тогаш настанале нови проблеми. Ембрионот не можеле да го преземат бидејќи трансферот во Кина може да биде извршен само меѓу две медицински установи. Освен тоа, ниту една болница во Кина не сакала да го преземе ембрионот. Друг проблем бил тоа што во Кна е забрането сурогат родителство.  Поради тоа морале да изберат нелегални агенции, а една од нив им пронашла болница во Лаос, каде биле подготвени да го преемат ембрионот.

Таму процесот на вештачко оплодување успешно бил извршен. На радост и задоволство на дедовците и бабите, сурогат мајката од Лоас во декември лани го родила момчето Тиантиан во болница во кинескиот град Гуагнзоу.

Беше судено Тиантиан да дојде на овој свет. Ќе му кажеме дека татко му и мајка му се во странство, додека не биде доволно голем за да разбере. Тогаш ќе му ја кажеме вистината, рекол гордиот дедо.