Во Скопје може да се преживее со 614 евра

Најевтините градови за живеење се во Романија каде има дури седум, пет се во Украина, три во Русија, по два во Србија, Бугарија и во Босна и Херцеговина, и по еден во Македонија, Албанија, Косово и Белорусија, објави „Бизнис инсајдер“ листа на 26 европски градови во кои може да се живее со помалку од 690 евра месечно.

При составувањето на листата била земена предвид економската ситуација, културата, како и можностите за вработување на едно лице. Сајтот нагласува дека цените варираат од еден регион до друг. Месечните трошоци од 690 евра, односно 600 фунти се една третина од трошоците на жителите на Лондон и половина од трошоците за живеење на луѓето во Манчестер, Глазгов или Ливерпул.

Листата на градови во кои може да се живее пристојно со месечни примања од 690 евра, изгледа вака:

 

26.Сараево, Босна и Херцеговина – 680 евра
25. Казањ, Русија – 672 евра
24. Новосибирск, Русија – 670 евра
23. Варна, Бугарија – 664 евра
22. Темишвар, Романија- 664 евра
21.Нижњи Новгород, Русија – 660 евра
20.Јаши, Романија – 652 евра
19.Тирана, Албанија – 636 евра
18.Бања Лука, Босна и Херцеговина – 627 евра
17.Минск, Белорусија- 622 евра
16.Пловдид, Бугарија -620 евра
15.Сибињ, Романија – 617 евра
14. Скопје, Македонија – 614 евра
13. Брашов, Романија – 610 евра
12. Нови Сад, Србија – 600 евра
11. Велики Варадин, Романија – 594 евра
10. Арад, Романија – 583 евра
9. Киев, Украина – 565 евра
8. Кишињев, Молдавија – 560 евра.
7. Одеса, Украина – 557 евра
6. Ниш, Србија – 542 евра
5. Крајова, Романија – 530 евра
4. Приштина, Косово – 502 евра
3. Харков, Украина – 469 евра
2. Л’вив, Украина – 465 евра
1. Днепар, Украина – 450 евра