
Клои Кардашијан во болница во Кливленд, каде била сместена од средата вчера родила девојче, а освен членовите на нејзиното семејство, американските медиуми јавуваат дека таму се појавил и нејзиниот дечко, татко на девојчето, Тристан Томпсон
Во сенка на големиот скандал кој го потресол семејството Кардашијан, откако се појавиле снимки кои покажале како дечкото на Клои, Тристан својата бремена девојка ја измамувал со келнерка од стриптиз клуб, на свет дошла ќерката на Клои и кошаркарот.
Сеуште не се познати сите детали околу раѓањето на девојчето,засега со непознато име.
Освен сестрите Кортни и Ким, во просторијата за раѓање биле и мајката Крис и Малика Хак, најдобрата пријтелка на Клои, како и Тристан кој од својот профил морал да ги избрише сите фотографии со Клои поради закани на огорчените обожаватели на најмладата сестра Кардашијан.
Да потсетиме, Тристан бремената Клои ја измамил со келнерка од стриптиз клуб Лени Блер, а како што објавил Daily Mail, се појавила уште една девојка, извесна Стефани, кој тврди дека е наводно бремена со Томпсон.
Американските медиуми „ископале“ дека со работничката во стриптиз клубот, Томпсон очигледно немал минлива авантура бидејќи неколку дена по ред биле видени на разни места во Њујорк, а некои снимки се од октомври 2017. година.
За Клои (33) ова е прво дете, додека 27. годишниот играч на „Кливленд Кавалирси“ го има 16. месечниот син Патрик Оливер од претходната врска.
Инаку НБА кошаркарот е на глас како голем зводник, а токму поради Клои ја оставил бремената девојка со кој го има синот.
Семејството Кардашијан е многу луто на Тристан и сакаат што побргу да ја „тргнат“ Клои од Кливленд, каде уредила луксузен дом во кој сакала да живее со Тристан. Клои сега повеќе не ја гледала смислата на тоа бидејќи кошаркарот ја посрамотил пред целиот свет, објавиле американските медиуми.
Инаку, токму Клои била причина за прекинувањето помеѓу Тристан и неговата трудна девојка Џордан Крег, мајка на синчето Патрик Оливер. Клои и Тристан врската ја започнале во септември 2016. година а во ноември 2017. објавиле дека очекуаваат дете.