
Министерството за внатрешни работи распиша оглас за набавка на клима уреди, кои треба да бидат монтирани пред стартот на летото.
Според огласот, вредноста на клима уредите, заедно со монтажа е 3 милиони евра, без ДДВ.
Станува збор за отворена постапка, односно работата ќе ја добие оној што ќе понуди најниска цена.
Крајниот рок е 3 мај годинава.