Изгоре пицерија во Чаир

Пицерија целосно изгорела, утрово во скопската населба Чаир, информираше МВР.

Според полицијата, случаен минувач околу 4 часот пријавил дека во трговскиот центар „Чаирчанка“ на ул.ицата Цветан Димов избувнал пожар во пицерија.

На местото на настанот интервенирале екипи на Бригадата за противпожарна заштита.

Повредени лица нема, а пицеријата целосно изгорела. Се преземаат мерки за утврдување на причините за настанување на пожарот.