Продолжен притворот за Доневски

Поранешниот директор на владината Службата за општи и заеднички работи, Васе Доневски останува во притвор, одлучиле од Кривичниот суд.

Доневски беше уапсен пред еден месец под сомнение дека наместил тендер за чистење во Владата.

По предлог на обвинителството, судот му го продолжи притворот за уште 30 дена.

Доневски е осомничен за злоупотреба на службената положба и овластувања.

 

Истрагата за овој случај ја отвори Управата за финансиска полиција, а заедно со Доневски, осомничен е и тогашниот управител на компанијата „Секјуриком“.