
Српскиот претсеател Александар Вучиќ изјави денеска дека на неговата земја не и се противници Албанците во врска со косовското прашање, туку тие кои им ја создале државата и им ја одземале територијата.
Тој во интервју за Пинк телевизија порача дека е „јасно оти за Косово се преговара со САД, Велика Британија и уште неколку држави од Европската унија“. Според него, САД ја водат надворешната политика на Косово.
Во интервјуто Вучиќ наведе дека Србија води самостојна надворешна поитика, седи „на свое столче“, но и дека се лажат оние кои мислат дека е можно да се развива што било на европскиот континент без поддршка од Германија.