Повредени татко и син во сообраќајка во Аеродром

Сообраќајна несреќа во која две лица се полесно повредени се случила вчера во 13,35 часот на раскрсницата од булеварот „Јане Сандански“ со улицата „Васко Карангелевски“.

Од полицијата информираат дека во незгода учествувале автомобил „Шевролет Спарк“, сопственост на МВР, управувано од Г.Л.(41) и „Ауди“ со скопски регистерски таблици управувано од И.Т.(37) од Скопје.

Во незгодата И.Т. и неговиот четиригодишен син со возило на Итна медицинска помош биле пренесени во Ургентниот центар во Скопје, каде од страна на лекар им биле констатирани телесни повреди и по укажаната лекарска помош биле пуштени на домашно лекување, информираат од МВР.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од Секторот за внатрешни работи СВР-Скопје. Се работи на целосно расчистување на случајот.