Препораката има охрабрувачко влијание за кредибилноста на ЕУ

Деблокирањето на интегративните процеси преку одредувањето на датум за почеток на пристапните преговори, позитивно ќе влијае врз реформските процеси и врз целата општествено-политичка состојба во Република Македонија, истакна претседателот Ѓорге Иванов. Тој  на средбата со Федерика Могерини, висок претставник на Европската Унија за надворешни работи и безбедносна политика и заменик-претседател на Европската комисија. ја поздрави обновената препорака

Позитивната препорака за отворање на пристапни преговори за Македонија и за Република Албанија, има охрабрувачко влијание за кредибилноста на ЕУ и перспективата на целиот регион, рече Иванов.

На средбата беа разменети мислења за актуелната политичка состојба во земјава, за процесот на европска интеграција, како и за клучните предизвици со кои се соочуваат регионот и Европската Унија. Двајцата соговорници констатираа дека доследното и заедничко придонесување во исполнувањето на реформските процеси, од страна на сите чинители во државата, ќе придонесе за европската иднина на Република Македонија.

Имајќи ја предвид позитивната реторика од страна на лидерите од земјите од регионот за напредокот на секоја од другите земји од Западен Балкан, г-га Могерини истакна дека за прв пат овој процес на проширување се фокусира на оригиналната идеја на Европската Унија, а тоа е мирот.