Австрија ќе им зема по 840 евра на барателите на азил

Австриската влада донесе нов, построг закон за подносителите на барања за азил, што наиде на големи критики, а неговото спроведување би можело да донесе високи трошоци, јавуваат австриските медиуми.

Дополнителниот персонал и опрема потребни за спроведување на новиот закон носат трошоци кои го надминуваат износот од два милиони евра годишно, објави виенскиот дневен весник „Стандард“ повикувајќи се на Министерството за внатрешни работи.

Со новиот закон за странци, или делот кој се однесува на барателите на азил, се предвидува повлекување на пари за идните бегалците и барателите во износ од 840 евра, што треба да се користи за да се покријат делумно трошоците на постапката за обработка на барањата за азил.

Во исто време, нивните мобилни телефони ќе бидат анализирани за да се утврди точната траса на пристигнување во Австрија. Така, ако се утврди дека бегалец во Австрија пристигнал преку некоја земја на Европската унија, во неа ќе биде вратен, согласно Правилото од Даблин. Анализите покажуваат дека овој тип на интензивна проверка е поврзано со високи трошоци.

Новиот закон предвидува полесно протерување на барателите на азил кои го злоупотребиле законот. И стекнување на австриско државјанство за бегалците ќе биде можно само по десет години на престој во Австрија, наместо шест. Строг и ефикасен закон треба да ја спречи злоупотребата на австрискиот закон за азил.

Новиот закон ќе има превентивен карактер. Кога бегалците ќе дознаат дека проверуваме дали имаат пари можеби многумина ќе избера да се откажат од тоа пат, рече австрискиот вицеКанцелар, Кристијан Штрахе.

Хуманитарните организации го критикуваат новиот закон со судењето дека е нечовечно.

Новите правила навлегуваат во приватната сфера на бегалците и на тој начин ја попречуваат нивната интеграција, велат од организацијата “СОС Mensch”.