Уапсени 22 мафијаши, босот во бегство

Италијанската полиција денеска уапси 22 осомничени члена на сицилијанската мафија, во рамки на операцијата во потрага по најбараниот италијански мафијаш Матео Денари, кој остана недостапен за полицијата.

Рациите беа спроведени во провинцијата Трапани во западниот дел на Сицилија, а на мета беа членови на таканаречената мрежа „Пицини“, која се однесува на систем од шифрувани пораки напишани на хартија поради кои Денаро и понатаму е во бегство.

Мафијашкиот бос е во бегство од 1993 година. Се смета дека е можен наследник на „босот над босовите“, Салваторе Тото Рина, кој почина во затвор издржувајќи казна од 26 доживотни робии.