
Македонија се надева на покана за членство во НАТО во јули дури и акло спорот за името биде решен во јуни. Министерката за одбрана во пресрет на нејзината официјална посета на САД не отстапува од линијата на оптимизам за решение и добивање покана на Самитот во јули и пчокрај песимистичката изјава од грчќка страна дека нема доволно време за добивање покана на овој самит.
-Ако решение се најде во јуни, тоа треба да донесе пресврт на Самитот во јули. Нам ни е важно процесот да биде успешен. Наша цел е покана и започнување на процесот за ратификација на членството. Сакаме решение до Самитот. Секое одложување може да биде штетно, вели Шекеринска.
Досието на Макеоднија е чисто и зењмјата повторно ги исполнува сите услови за членство во Алијансата како и во 2008ма година, оценува министерката за одбрана, потенцирајќи дека прашањето за името е единствениот предуслов за добивање на покана.
Тоа според неа се потврдило и со препораката на европската комисија. Шекеринска потенцира дека Макеоднија мора паралелно да ги движи процесите за членство во НАТО и ЕУ ид а не дозволи раздвојување – смета дека коинцидираат дел од ставовите присутни во Грција да за еу не за нато со ставовите кои ги има и нофицијална Москва.
Македонија ќе работи на обезбедување цврста поддршка од САД во пресрет на НАТО Самитот а токму тоа ќе биде во фокусот на средбата на Шекеринска со државниот секретар за одбрана Џејмс Матис на 1ви мај во пентагон.
Ова е прва официјална посета на макеоднски министер за одбрана на САД по 2012та година.