
Геодет од Делчево бил тешко повреден додека вршел работни задачи, информираше МВР.
Според полицијата, несреќата се случила вчера околу 14 часот во непосредна близина на македонско- бугарската граница. Тогаш геодетот В.З.(53) од Делчево, вработен во Агенцијата за катастар и недвижности, извршувал работни задачи.
Но поради нерамен терен, стапнал во вдлабнатина и паднал, при што добил тешки телесни повреди.
Укажана му е прва помош од Итна медицинска помош, по што е пренесен и задржан во Медицински центар Струмица за понатамошно лекување. Извршен е увид на местото на настанот.