Џип удри во мотоциклист кај Битола

Едно лице е повредено во сообраќајна несреќа што се случи попладнево на патот Ресен – Битола, поточно на влезот во Битола. До несреќата дошло кога џип удрил во мотоциклист.

Според изјави на очевидци, мотоциклистот возел на едно тркало и неколку пати поминувал по истиот пат пред да се случи несреќата. Тој е пренесен во болница и засега нема информации за неговата состојба.

Полицијата врши увид по што ќе бидат познати повеќе детали за несреќата.