Шпанскиот ас, Рафаел Надал ја оправда улогата на фаворит и во 12 финале во Монте Карло дојде до 11 пехар на овој престижен турнир со што испиша нова страница во историјата на тенисот.
Првиот светски тенисер со 2-0 (6-3, 6-2) во сетови беше подобар од Кеи Нишикори, а тоа со тоа ја прокнижи 31 Мастерс титула со што го надмина Новак Ѓоковиќ. Воедно за Рафа ова беше 11 титула во малото кнежество со тш стана првиот тенисер во Опен ерата кој триумфирал на еден турнир.
Со победата тој ќе остане на првото место на АТП листата, односно ќе отпатува во Барселона со 76 трофеј од кои 54 се на земјена подлога.
👑 of Clay.
The moment @RafaelNadal won his 11th Monte-Carlo title…
He defeats Kei Nishikori 6-3 6-2. #RolexMCMasters pic.twitter.com/ZFG1d5ZzDb
— Tennis TV (@TennisTV) April 22, 2018