
Капитенот на македонската репрезентација, Горан Пандев со идеален лоб ја запечати победата на „Џенова“ од 3:1 против „Верона“ и го постигна најубавиот гол оваа сезона.
„Џенова“ и математички го осигура местото во италијанската Серија А со победата во последниот меч од 34. коло, а „Верона“ сериозно ќе треба да се потруди, но и да почека некој кикс на директните конкуренти.
Третпат во низа, „Џенова“ славеше на свој терен, па сега на четири кола пред крајот имаат 12 бода повеќе од СПАЛ кој е првиот тим во зоната за испаѓање.