Годишно собрание на Канадско-македонското историско друштво од Торонто

На 22 април 2018 година, Канадско-македонското историско друштво од Торонто одржа Годишно собрание на кое се расправаше за сегашноста и иднината на оваа значајна асоцијаја. Тоа е единствено друштво од таков вид во дијаспората кое игра значајна улога во севкупната научна и културолошка активност на голем број македонски интелектуалции од Канада, а кое е сместено и има своја богата библиотека во зградатана на “Канадско-македонското место“ познато како „Старскиот дом“ во Торонто.

Станува збор за асоцијација во која членуваат Канаѓани од македонско потекло од сите делови на Македонија кои се занимаваат со македонската историја, култура, јазик, литература и воопшто со македонската вистина во минатото и сегашноста. Друштвото е формирано во 1991 година од група ентузијасти чиј број постојано расте и привлекува други професионалци и ентузијасти да ги негуваат македонските придобивки.

Канадско – македонското историско друштво е многу значајна македонска иселеничка организација која има за цел да ја развива свеста и гордоста меѓу членовите и пошироко во канадското општество, со цел тие да дознаат од каде им се корените, какво било нивното минато, сегашност и иднина. Затоа, Друштвото собира и ја регистрира потребната документација и материјали за македонскиот национален идентитет, традициите, културата, религијата, јазикот, обичаите и други области.

По Годишното собрание на Друштвото, пред членовите и други присатни гости и вљубеници на пишаниот збор, д-р Кристина Крамер, шеф на Катедрата по македонски јазикна на Универзитетот во Торонто одржа опширно предевања на тема „Скопски разгледници, 1899-2014 година“. Преку одреден број разгледници за Скопје таа се осврна на минатото и сегашноста на главниот град на Република Македонија.

Тони Марковски, претседател на Канадско-македонското историско друштво, пак, ја претстави монографијата „Стив Пљакас“, дело кое е на англискки и на македонски јазик издадено во 2018 година и кое го отсликува животот и делото на познатиот канадски бизнисмен од македонско потекло, донаторот Стив Пљакас, чиј автор на монографијата е публицистот Славе Катин, почесен член на Друштвото.