
Полицијата на Нешвил денеска го уапсила Тревис Рејнкинг (29), осомничен за убиство на четворица во неделата во продавница во Нешвил, јавуваат тамошните медиуми.
Убиецот бил уапсен во шума во близина на Нешвил.
Рејнкинг во неделата рано утро по локално време гол влегол во продавница за вафли и со пушка застрелал четворица и рани тројца, а откако бил совладан од еден од гостите, избегал.
Убиецот бил уапсен и во јули 2017 година бидејќи премногу се доближил до Белата куќа, по што му била одземена пушката АР-15 и дозволата, а која подоцна му била вратена на неговиот татко.
Со истата пушка Рејнкинг ги застрелал жртвите, двајца Афроамериканци, Латиноамериканец и муслиманка.