
Најмалку девет лица загинаа, а 16 се повредени откако возач на комби се качил на тратоарот и удрил во група пешаци во Торонто, Канада, по што избегал од местото. Полицијата наводно го уапсила осомнилениот возач, но нема детали за неговиот идентитет, ниту па за мотивите за нападот. На социјалните мрежи има видео од апсење на лице за кое се претпоставува дека е возачот на комбито.
Is this the suspect in Toronto being arrested? pic.twitter.com/wnQjF7SEM7
— Mike (@Fuctupmind) April 23, 2018
Според првичните информации на локалните медиуми, повредени се меѓу 8 до 10 лица, но не е познат степенот на нивните повреди,иако најмалку четирворица не покажувале знаци на живот.
https://twitter.com/twitter/statuses/988477862868111360
Инцидентот се случи во 13 часот по локално време во близина на раскрсницата меќу улицата Јонг и авенијата Финч, каде што има голем број на вооружени полицајци, а од полицијата побара жителите да ја избегнуваат таа област.
Операторот со метрото го прекинала сообраќајот во тој дел од градот, а натаму не се движат ниту автобуси.
Полицијата информирала и дека имало престрелка во делот на Торонто познат како Дандас и Честнат, но не е познато дали овие два инцидента се поврзани.