
Неколку скопски села утре во одреден временски период ќе останат без струја поради технички зафати во дистрибутивната електромрежа.
Без струја од 8 до 15:30 часот ќе бидат корисниците од селата Рашче, Копаница, Бојане, Долно и Горно Свиларе, Радуша, Дворце, Орашје, Кондово, Кучково, Грачани, Караулата Чашка и Викенд населбата Веле Поле.
Од 08:30 до 10:30 часот без електрична енергија ќе останат корисниците од дел од селото Стајковци, поточно во околината на фирмата Оли – Шпед во општина Гази Баба.