Шекеринска: Македонија очекува да стане членка на НАТО

 

Министерката за одбрана Радмила Шекеринска очекува Македонија да стане 30-та членка на НАТО и се надева дека Алијансата ќе ја препознае одлучната посветеност и политичката волја на Владата при исполнувањето на поставените задачи.

Шекеринска очекува на претстојниот самит на НАТО да се верификуваат промените и напорите на Македонија за зачленување во Алијансата. Според неа, Македонија покажала е дека е кредибилен партнер на НАТО, а критиките кои земјава ги добивала претходно, министерката тврди дека веќе не се сметат за слабост.

„Покажавме дека во делот на демократски реформи, на состојби со медиуми, владеење на право, состојби во администрацијата и меѓуетничките односи, Македонија буквално направи големи чекори напред и тоа ни дава за право да очекуваме таа промена во Македонија да ја верификуваат, да ја потврдат и да ја ценат сите земји-членки и НАТО Алијансата“, изјави министерката Шекеринска.

„Македонија е ценет партнер на Алијансата„, рече заменик шефот на Воениот штаб на Директоратот на НАТО, Егил Педерсон, во рамките на работлиницата на НАТО.

Генералот Џејмс Еверард укажа на големиот придонес и зголемувањето на учеството во мировните мисии на Алијансата.

На работилницата ќе учествуваат 180 претставници од земјите членки на НАТО и земјите партнери.