
Две камп приколки изгореле во пожар, ноќеска на езеротот Треска во Скопје.
Според полицијата, случајот вво полиција утрово во 9 часот го пријавил С.З.(44), сопственик на едната приколка. Сопствениот на другата опожарена приколка не е познат.
Во пожарот изгорел и еден помошен објект.
Се преземаат мерки за утврдување на причините за настанување на пожарот како и за висината на материјалната штета.