
Попладнево, кратко по завршувањето на протестот на мотоциклистите, на „Илинденска“ во Скопје се случи сообраќајна несреќа во која мотоциклист беше удрен од автомобил.
Како што може да се види и на фотографиите, на местот на несреќата интервенирала и итната медицинска помош. Мотоциклистот има повреди, но за среќа не се живтоно загрозувачки, јавува Досие.мк.
Во знак на протест против се почестите сообраќајни несреќи во кои учествуваат мотоциклисти но и со апел за зголемена внимателност на сите учесници во сообраќајот, попладнево се одржа протест на мотоциклистите.
Стратна точка беше порта Македонија, а мотоциклистите на своите мотори упатија порака дека се еднакви учесници во сообраќајот.