
Истражувањето објавено на веб-страницата „IllicitEncounters“ открива дека сексуалниот нагон варира во зависност од годишните времиња, па повеќе од 62 проценти преферираат сексуални игри во текот на летото, иако е топло, а топлината го намалува либидото на поединецот.
Од друга страна, есента е најмалку атрактивно годишно време за секс.
Според истото истражување повеќето луѓе имаат секс во саботата навечер. Поточно, најпопуларното време за секс е тој ден од викендот во 22 часот и 24 минути.
Истражувањето на 1000 двојки покажува дека луѓето се највозбудени во саботата околу 17 часот и 35 минути, но обично чекаат пет часа за да ја „остварат“ нивната желба.
Дури 42 отсто од испитаниците признаваат дека саботата им е омилен ден за секс, додека понеделникот е ден во кој многу мал процент од испитаниците се впуштаат во сензуално уживање.