Правда за жртвите кај Смилковско побараа граѓаните на протест

Стотина граѓани  пред кривичниот суд побараа правда за жртвите кај Смилковско Езеро со транспаренти „Спиеш ли мирно Заев“, „Ги сонуваш ли ти жртвите од Смилковското Езеро“ и порачаа судот да ги казни убијците.

На протестот не беа присутни родителите на загинатите. Граѓаните кои протестираа велат дека се организирале преку социјалните мрежи. Меѓу присутните имаше и членови на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, кои изјавија дека се дојдени по сопствена волја, а не организирано.