
Војвотката Кејт и принцот Вилијам пред неколку дена го добија своето трето дете и откако ја држеа јавноста во неизвесност за името на малиот принц, тие конечно го соопштија името. Неговото име е Луис Артур Чарлс кој за јавноста ќе биде познат како: Неговото Височество Принцот Луис од Кембриџ.
Џорџ и Шарлот во понеделникот го запознаа своето братче кратко по породувањето. Додека Џорџ беше облечен во својата школска униформа, Шарлот, која ќе полни 3 години следната недела, го украде шоуто кога ја поздрави толпата слатко мавтајќи со рачето, облечена во сино фустанче.
Вилијам и Кејт избраа традиционални имиња за првите две деца со што им оддадоа почит на членовите на нивните семејства, принцот Џорџ и принцезата Шарлот. Џорџ го дели името со шест поранешни кралеви на Англија, вклучувајќи го и таткото на кралицата Елизабета Втора, кралот Џорџ VI. Шарлот, чие средно име е Дијана, беше именувана по таткото на Вилијам, принцот Чарлс, и неговата покојна мајка, принцезата Дијана.